Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, ја додели наградата „Стојан Христов” за најдобра книга поезија од поет иселеник од Македонија при Струшките вечери на поезијата.
Добитник на оваа награда е Наум Трајчески од Квинбијан, Австралија.
Тој е претседател на Литературното друштво „Ванчо Николески” од Квинбијан и долгогодишен член на Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј.
Награда „Стојан Христов” секоја година Агенцијата за иселеништво ја доделува на поет иселеник.