Награди за глума Александар Македонски за 2018

Минатата сабота, на 23 март во просториите на Civic Theatre во Хрствил (предградие на Сиднеј) се одржа четвртата традиционална Гала вечер посветена на театарската уметност при што се доделија престижните награди Александар Македонски. За најдобра актерка прогласена Валентина Апостоловска, а за најдобар актер Никола Апостоловски.

Како и обично, во еден убав на високо ниво амбиент и богата програма Австралиско македонскиот театар од Сиднеј по четврти пат ја организира својата традиционална Гала вечер при што за присутните изнесе богата програма со драмски-сценски изведби преку кои ги промовира културните достигнувања на Театарот.
Вечерта започна со прикажување на монодрамата Тага за југ од Душан Ристевски, а истата посветена на браќата Димитар и Константин Миладинов. Главната улога ја толкуваше Никола Апостоловски, во придружба на Антонио Нешковски и Стефо нанцу, а во режија на Стефо Нанцу.
Се прикажа видео снимка од едукативната програма што ја подготви Театарот за спречување на финансиското насилство на сениорите под име “I am my boss – I can plan my future” од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, а улогите ги толкуваа Јаворка Котевска, Татјана Нешковска, Антонио Нешковски и Душан Ристевски. Исто следеше и комичната сценски изведба Шекира-кандидат за претседател на Македонија толкувана од Гордана Милошевска и Душан Ристевски.
Промоција на најновото ДВД од драмата Последниот Македонец направи Омер Зекировски, познат македонски режисер и продуцент.
Театарот додели награда за уметност и култура под името Александар Македонски, за врвно културно остварување и промовирање на македонската култура и нација во Австралија. За промовирање на македонскиот јазик и култура, посебно преку песната му се додели оваа награда на Симеон Георгиевски-Брич, познат композитор и музичар кој 50 години активно ја промовира културата преку фестивалот за новокомпонирани песни „Преспа фест” и повеќе радио програми во Сиднеј. Наградите Александар Македонски за театар и театарска уметност ги добија:
Наградата за најдобар дебитант и припадна на Ина Милошеска за улогата на Македонка во Последниот Македонец. Најдобрата женска придружна улога и припадна на Гордана Милошевска за улогата на Снежана, а за најдобра машка придружна улога доби Васко Србиновски за улогата на Ристо во истата драма. Најдобрата женска улога и припадна на Валентина Апостоловска за улогата на Паља во монодрамата Каменот од Роби, а наградата за најдобра машка улога му припадна на Никола Апостоловски за улогата на Филип во Последниот Македонец. Наградата по избор на публиката ја доби исто така Никола Апостоловски за истата улога. Исто Театарот додели и награда за животно дело, а оваа награда се додели од членовите на самиот Театар за врвно достигнување во театарската уметност. Ова награда ја доби Јаворка Котевска. За неградите одлучуваше Жири комисија составена од видните културни и филмски работници од македонската заедница: Тони Радевски, Радица Бојковска и Иван Трпоски.

Д.Р.
Фотос: Тони Наумовски

Останати вести