Македонското Литературно друштво „Ванчо Николески” од Квинбијан распишува награден конкурс за најдобра песна и расказ за 2018 година. Темата е слободна. Ракописите да се напишани со кирилично писмо.
Секој има право да учествува со најмногу три песни или раскази за секоја од долунаведените категории.
По три награди ќе се доделуваат за следниве категории:
– Расказ за возрасни
– Песна за возрасни
– Расказ за деца
– Песна за деца
Под секое дело треба да стои шифра без било кои други податоци од кои може да се открие вашиот идентитет. Заедно со вашите дела испратете и пропратно писмо на кое ќе бидат наведени вашето име и презиме, адреса на место на живеење, е-маил, телефонски број. Комисијата која ќе ги оценува делата нема да има пристап до вашите податоци. Туѓи или претходно објавени дела нема да се прифатат за разгледување.
Конкурсот трае до 31 август 2018 година. Наградените ќе бидат известени најмалку еден месец пред доделувањето на наградите. Делата испечатени во четири примероци да се испраќаат на следнава адресата:
Makedonsko Literaturno Drushtvo „VANCHO NIKOLESKI”
P. O. Box 407,
Queanbeyan, NSW 2620
Mob: 0403-087-915,
0408-345-069