Најави за промени

ДАЛИ ТРНБОЛ ЌЕ ЈА РЕКОНСТУРИРА ВЛАДАТА?
Се почесто се слушаат гласини дека одредени луѓе во либералната партија ќе бидат промовирани, а други ќе мора отстапат од своите места.

Претседателот на Австралиската здравствена комора Michael Gannon за Sky News рекол дека Либералната партија не била доволно силна во расправа за здравствената политика во текот на предизборната кампања. „Разочаран сум што во текот на кампањата не кажаа нешто повеќе” – изјавил тој.
„Лабуристите, здравството и здравственото осигурување го ставија во центар на својата кампања. Беше убаво да се видат дискусии за здравствени теми, но тие би добиле сосема поинакво ниво, доколку слушнавме нешто повеќе од неа (Ley).”
Коaлицијата можеби ќе мора да го поправи својот углед кога станува збор за здравствената политика, бидејќи многумина изразија згрозување над предлозите на либералите за приватизација на здравственото осигурување (Medicare). Исто така се зборува за унапредување на министерот за имиграција и заштита на границата Peter Dutton во Национален одбор за сигурност. Sky News известува дека поранешниот премиер Тони Абот нема да биде повикан во кабинетот и во неговата работа ќе учестуваат помлади пратеници.

Ветувања за посилна економија и здравство

Во своето обраќање меѓу другото, Трнбул изјави: – „Во следниот период мораме да обезбедиме силна економија. Мораме да обезбедиме успешен премин од економија темелена на рударство и раст на градежната индустрија. Мораме да обезбедиме здравствено осигурување и образование, здравствени услуги и сите оние клучни владини сервиси за Австралиците да се чувствуваат сигурни и згрижени, а во исто време мораме да обезбедиме и избалансиран буџет”. Зборувајќи за независните пратеници рече: „Одлучен сум да обезбедиме атмосфераа за секој член на 45 парламент да чувствува дека може да одигра конструктивна улога и да даде доприност кој мојата влада и јас ќе го почитуваме, секој патеник на Пратеничкиот дом и Сенатот заслужува почиту, затоа што го одбрал австралискиот народ”.
Шортен рекол лабуристите остануваат на своите вредности кога станува збор за здравственото осигурување, образование и работни места во Австралија. Коалицијата моментално има 76 пратенички места што е доволно за формирање мнозинска влада, додека лабуристите се со 67 освоени места.
Во изборната единица Forde во Квинсланд, за чии резулати не се знаеше цела недела, победи пратеникот на Либералната национална партија, Bert van Manen со 900 гласови повеќе од кандидатот на лабуристите. Коалицијата моментално води и во изборните единици Capricornia во Flynn, а на интеренет страница на Австралиската изборна комисија, објавена е информацијата според која Коалицијата освоила 76 пратенички места. За пет пратенички места резултатите се уште се непознати, три веројатно ќе ги освои Коалицијата бидејќи гласовите кои стигнуваат одат во прилог на патениците на либералите и националната партија. Австралиската изборна комисија ќе продолжи со пребројување на гласвоите за Сенатот во недела.
AAP известува дека гласањето е службено завршено во петок (15.07.2016.), а Австралиската изборна комисија вели – двете страни освоиле приближно ист број гласови и како за победа ќе одлучуваат мал број пратенички места во кои се уште не се знае резултатот. Членови на изборната комисија, кои ги има околу 75.000, преброиле околку 11 милиони гласачки листови во над 7000 изборни места, по 18 часот на денот на изборот. Во текот на неделата пребројани се над 1,2 милиони гласови пристигнати преку пошта и се броеа над милион гласови на бирачи кои не се во земјата.

Останати вести