Македонците од Австалија најбројни во градот на конзулите

Туристичката сезона во Македонија официјално започна и бројот на Македонци од Австралија се зголемува од ден на ден. Минатата недела го забележавме брачниот пар од Квинбијан кој се возеше со вилосипеди на познатиот Широк Сокак во Битола.

Кире Бошков и неговата жена Зоре се неколку недели во Битола каде доваѓаат секоја година во летните месеци.Тие се повеќе од 45 години во Австралија и долго имаат живеено и во Мелбурн, а потоа со нивните фамилии заминале за Квинбијан. За Кире Битола е лек за душата за да се одмори и извиди со роднини и пријатели но и со многу од нашите Македонци од Австралија.
Одморот за оние што се во Битола е со задолжителното пешачење од Тумбе Кафе и назад низ Широк Сокак. Пелагонија го има и Националниот парк Пелистер со карактеристична природата и и убавите езера. Сепак општината Битола мора да работи повеќе на чистотата и одржувањето на патеките и патиштата што се во лоша состојба. Македонија ги има сите убавини но ќе мора да се чуваат и одржуваат.

Стефан Горгиевски

Останати вести