Најдобар град за живот е Мелбурн

„Economist intelligence unit” повторно го прогласи Мелбурн за најдобар град за живот.

 

На списокот од првите 10 градови дури седум се во Австралија и Канада, додека некои светски метрополи како Лондон и Њујорк не се ниту меѓу првите 50.

Според истражувањето на EIU, на второ место е Виена, на трето Ванкувер, а следат Торонто, Аделајд, Калгари, Сиднеј, Хелсинки, Перт и Окланд. Цирих е на 11 место, Женева на 12, Стокхолм на 15, Париз 17, а сладат Франкфурт, Токио, Берлин, Копенхаген, Осло, Луксембург, Амстердам, Брисел, Минхен.

Вашингтон, Атланта, Чикаго. Мајами, Детроит, Бостон, Сител и Лос Анџелес ги завземаат од 35 до 42 место.

Даблин е 46, Монако и Рим 48 и 49, а Будимпешта 50 најдобар град за живот.

Од 140 градови кои го опфаќаат извештајот, на самото дно се Дамаск, Дака, Лагос, Карачи, Алжир, Хараре, Триполи, Абиџан.

Меѓу критериумите на EIU за одредување на рангот се стабилноста, здравствените услуги, образованието, безбедноста, климата, нивото на корупција, културни и спортски активности, инфраструктура, поврзаност со светот, густина на населеност, квалитет на јавен превоз, ниво на загаденост, зелени површини…

Градовите како Киев, Москва и Санкт Петербург паднаа на листата поради нестабилноста од украинската криза.

Њујорк е на 56 место поради релативно високата стапка на убиства – четири минатата година на 100.000 жители, во споредба со 0,9 во Беч.

Слична е состојбата и со Лондон кој е на 55 место на листата.

„Сите големи градови страдаат од висока стапка на криминал, загадување, проблеми со јавен сообраќај, што негативно влијае на квалитетот на животот во нив”, се наведува во извештајот на EIU .

И на глобално ниво, квалитетот на животот опаднал за 0,68 процентуални поени во минатите 12 месеци, што е последица на судирите, светската економска криза и забаувавање на прогресот.

Останати вести