Најлоша суша во последните 50 години, загрозена четвртина од земјоделското производство

Нов Јужен Велс, држава со најмногу жители во Австралија целосно пресуши, а тоа ќе се одрази на целиот континент.

Сувата зима донесе голема суша на континентов. Најголема штета од сушата моментално бележи Нов Јужен Велс кој произведува околу четвртина од земјоделските производи. Минатата недела службено беше прогласена елементарна непогода, а владата обезбеди $576 милиони за финансирање на штетата што ја предизвика сушата.
„Не постои човек во државата кој не сака да види дожд за нашите земјоделци и нивните посеви” – рече министерот за индустрија Niall Blair.
Во делови на Нов Јужен Велс забележано е помалку од 10мм дожд, а за месеците кои доаѓаат метеоролошките прогнози не се ништо подобри. Речиси четвртина од државата е означена како област на „интензивна суша”, а остатокот од државата е означен како „сушно подрачје”.
Проблемите со сушите не се задржаа само во Нов Јужен Велс, сушна е и половина од Квинсленд, но и делови од Викторија и Јужна Австралија.
Прајминистерот Малколм Турнбул предупреди дека земјата стана „земја на суша”.
Земјоделците се жалат за неуспешни посеви, голем недостаток на вода и отежнато прехранување на стоката.
„Некои од земјоделците трошат илјадници долари за носење камиони со сено за да ја прехранат стоката” – вели Турнбул.
Земјоделците раскажуваат стории за неуспешни посеви, тежок недостаток на вода и неспособност да се нахрани стоката.
„Ова е како во затвор. Тука се појавувам секој ден затоа што морам да се појавам, но се е така депресивно” – ја опиша обиколката на своите посеви еден од земјоделците во Квинсленд.

Ја продаваат стоката
„Ја продаваме стоката која не сакаме да ја продадеме. Наскоро нема да имаме што да продадеме” – вели еден од фармерите. Земјоделците во Австралија годишно добиваат субвенции во изност од $16 илјади. Прајминистерот Малколм Турнбул најави дополнителни субвенции во износ од $12 илјади. „Иако сушата се смета како дел од австралиската клима, на земјоделците им е потребна наша помош” – рече тој и додаде дека владата ќе се погрижи да застане покрај земјоделците во тешките времиња.
Земјоделците, пак ја критикуваат помошта од владата, нарекувајќи ја „премала и закаснета”. Сушата која моментално ги уништува земјоделските посеви се уште не ја надминала најлошата суша во историјата на земјата, кога беа уништени 50 проценти на сите земјоделски посеви. Тоа се случило во времето меѓу 1997 и 2005 година, време во кое поминаа две временски системи на Ел Нињо, кој се поврзува со сушите на континентот. Годинава, метеоролозите проценија дека постои 50 отсто шанса Австралија на пролет, повторно да ги почувствува последиците од Ел Нињо.

Останати вести