Најнов преглед на влијанието на коронавирусот

Преглед на бројот заболени од КОВИД – 19, мерки и дејства, состојба на денот 18.04.2020

– Бројот на потврдени случаи до минатава сабота во Австралија беше 6.565
– Бројот на смртни случаи во Австралија е 68
(27 во Нов Јужен Велс, 18 во Викторија, 6 во Квинсленд, во Западна Австралија и Тасманија, 4 во Јужна Австралија и 2 во Канбера) од нив 16 биле патници на крузерот Ruby Princess.
– Над 280.000 Австралијци се вратиле дома од странство во последните неколку недели, 6.200 лица од нив престојувале на 45 крузери
– Стапката на инфекции со вирусот падна на помалку од 1 – што значи едно заразено лице сега заразува помалку од еден.
– Над милион долари е наплатено на име казни кои се поделени во Квинсленд со 460 издадени казни по $1.334, Нов Јужен Велс издал 295 казни од по $1.000, а Викторија е далеку построга и издала над 100 казни по $1.652.
– Владата на Викторија објави дека е продолжена вонредната состојба за дополнителни четири недели до 11 мај на полноќ.
– Владата на Тасманија затвори две болници во центарот на епицентарот на епидемијата со коронавирусот на северозападот на островот, а над 1.000 лица се ставени во карантин на две недели.
– Федералната влада најави дека институциите на високото образование од мај ќе можат да нудат шестмесечни образовни пакети по намалени цени.
– Федералната влада во саботата најави дека $16 милиони долари ќе насочи како помош за институции кои обезбедуваат храна во склоп на пакетот од $100 милиони за хуманитарните организации во Австралија.
– Веќе се обезбедени $320 милиони односно 16.4 посто од БДП за борба против здравствените и економските последици предизвикани од вирусот.
– $130 милијарди во склоп на програмата JobKeeper ќе им се дадат на компании чие работење е погодено со намалување на обртото за 30 проценти од коронавирусот, 1.500 долари на секои две недели за плати на вработените во тек на наредните шест месеци.
– Обезбедена е бесплатна грижа за деца за оние кои се уште работат во вредност од $1.6 милиони во форма на исплата на детските градинки.
– Договорен е национален пристап во склоп на кој на домаќинствата и компаниите погодени од коронавирусот ќе им се помага со плаќање на каматите на кредитите, како и сметките за струја и вода.
– Даночната управа ќе ја олесни постапката за пријави за работа од дома со покриени 80% од паушалните трошоци од 1 април до 20 јуни.
– Сите граѓани мораат да се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање и да останат дома освен ако не излегуваат да ги направат неопходните набавки или поради физичка активност.
– Граѓаните кои се враќаат од прекуокеанските земји мораат да останат во карантин во траење од две недели во хотели или друго сместување под надзор пред да заминат дома.
– Граѓаните на Квинсленд кои поради работа патуваат надвор од државата мораат да имаат адекватна пропусница и да имаат валидна причина да се вратат дома.
– За сите граѓани, освен за вработените кои работат на давање помош и во итни случаи, забранети се меѓународните патувања.
– Затворени се популарните плажи во Нов Јужен Велс, Викторија и Квинсленд.
– Непречено работат: супермаркети, аптеки, банки, јавен превоз, некои училишта, фризерски салони, бензински пумпи, поштенски услуги и услуги за транспорт, продавници за алкохол, трафики и продавници за малопродажба.
– Затворени се: училиштата во Викторија и Канбера, теретани, центри за занимавање со спорт во затворено, пабови, кина, ноќни клубови, касина, религиски центри, тематски паркови, аукциски куќи, деловите со ресторани во трговските центри, салони за убавина, солариуми, салони за депилација, салони за нокти, велнес центри, салони за тетовирање, галерии, музеи, книжарници, центри за млади, сали за дружење во заедниците, клубови, RSL центри, базени, забавни паркови, места за играње видео игри, центри за игри во затворено и отворено, тимски спортови кои вклучуваат групи луѓе, затворени и отворени пазари, игралишта на отворено, теретани на отворено, скејт паркови.

Останати случувања
– Јужна Австралија за првпат по еден месец немаше нови случаи на зараза со коронавирус.
– 96 граѓани на Австралија и 16 граѓани на Нов Зеланд кои неколку недели се наоѓале на крузер во близина на брегот на Уругвај, пристигнаа во Мелбурн минатата седмица.
– Со уште три летови на Qantas оваа недела дома ќе ги вратат граѓаните кои се наоѓаат во Перу, Аргентина и Јужна Африка.
– Приватните училишта во Австралија ќе бидат присилени да почнат со работа во вториот семестар откога федералната влада се закани дека ќе го сопре нивното финансирање.
– САД ја надмина Италија по бројот смртни случаи од новиот коронавирус и воедно и сите земји бидејќи бројот на смртни случаи во САД надмина 40. 000.
– Во Велика Британија КОВИД – 19 однесе над 13.000 животи, а премиерот Борис Џонсон „многу добро се опоравува” од овој вирус.
Економија
– Меѓународниот монетарен фонд вели дека вирусот ќе предизвика најлоша глобална економски криза од Големата депресија којa се случила во 1930 година и економијата делумно ќе се опорави дури во 2021 година.
– Огласите за вработување се намалени за две третини бидејќи компаниите во Австралија се погодени од економските последици и влијанието на коронавирусот, се очекува наскоро невработеноста да стигне над 10 проценти.
– Продажбата на куќи на аукции падна од 70 посто во февруари на 37.3 до крај на април откога е забрането одржување аукции на лице место и разгледување на куќите.
Корона во светот
– Број на случаи: најмалку 2.234.802
– Број на смртни случаи: најмалку 154.000.
– Број на оздравени: најмалку 404.029
• Извор: Интернетски страници на државните и федералните информации за коронавирусот и состојбата на коронавирусот во светот
Спорт
– Рагби лигата NRL планира да продолжи со натпреварувањата на 28 мај.
– АFL, A – лигата, Супер Рагби и Супер Нетбол ги одложија натпреварувањата за уште еден месец.

Останати вести