Се демонтираше најпознатата плажа на Охридско Езеро со А$5.5 милиона промет

Под силно полициско обезбедување започна отстранувањето и демонтирањето на платформите во езерото кај Студенчишта. Се започна со демонтажата на „Куба Либре”, една од најатрактивне плажи и локации на источниот брег на Охридското Езеро.

За оваа плажа се дозна дека лани остварила приход од 3.5 милиона евра за последните неколку години.
Маријан Маловчев, менаџер на „Куба Либре”, рече дека тоа не е баш така: прометот изнесувал 3.5 милиона евра ама 516.000 евра биле реинвестирани, а 300.000 евра биле платени како данок за државата. Менаџерот вели и дека до 28 февруари 2021 биле исплатени сите обврски кон концесијата.
– Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од општината и државата. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме. Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми, изјави Маловчев.
Од Општина Охрид е најавено дека акцијата на уривање ќе ги опфати сите пет плажи што се опфатени со Генералниот урбанистички план, односно: „Куба Либре, „Кадмо”, „Бела Виста”, како и „Канео”„ и „Потпеш”.
„Угостителските објекти кои работат на овие плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност надвор од законските процедури и да пристапат кон затворање на локалите. Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети и нема да има никаква селективност во постапките”, соопштија од општината.
Екипи на Општина Охрид во изминатиот период ги отстрануваа бесправно изградените објекти на плажата „Корали”, плажата „Атлантик” и други.

Останати вести