Најскапа изборна кампања за локалните избори има опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажаа финансиските извештаи за првите 10 дена доставени до Државната изборна комисија.
Според поднесените извештаи, ВМРО-ДПМНЕ од 207 донатори собрала приближно $ 70 илјади, а од членарина ќе потроши уште $ 731 илјада – или вкупно $ 800 илјади. За партијата донирале кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, Иван Франгов, кој донирал 1000 евра, како и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, кој за партијата издвоил 500 евра. Коце Трајановски, кандидатот за нов мандат на град Скопје на 20 септември уплатил 1000 евра. Од останатите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, 1000 евра дал кандидатот за нов мандат како градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и Јохан Тарчуловски. Жарко Караџоски, ексдиректорот на ЈП Македонски шуми бил поскромен, па одвоил само 5000 денари. Ексминистерот Владо Мисајловски, донирал 1000 евра, а со нешто пониски суми на списокот донатори запишани се и пратеникот Ванковер Манчев, кој дал 20.000 денари, експремиерот Емил Димитриев на 29 септември уплатил 21.500 денари. Од она што може да се заклучи е дека сумите за донациите се евидентирани во ист ден, па така Васе Доневски, Васил Пишев и Љубен Арнаудов донирале различни суми во ист ден, на 29 септември. Според официјалните извештаи до ДИК, ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање на телевизија Сител ќе плати $ 102 илјади, а нешто помалку на Канал 5, ТВ Нова, Телма, ТВ 24 и Алсат-М. Опозициската партија се рекламира и на Фејсбук за што тоа предвидела $ 5,500.
Кај владејачката СДСМ состојбата според извештајот доставен до ДИК е следна: за изборната кампања од 76 донатори се собрани $ 54 илјади, а од членарината ќе се потрошат уште околу $ 320 илјади. Од донаторите забележани се: Александар Наумоски, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, кој донирал $ 3,700, како и Гого Видимче, Методија Тасевски и Иванчо Илиевски кои на втори октомври донирале иста сума – по $ 4,500.
СДСМ пријавил дека од телевизиите се рекламира само на Алсат-М за сума од приближно $ 19 илјади. Владејачката партија пријавила расходи за транспорт, изнајмување простор и рекламен материјал.
Од другите партии кои учетвуваат на локалните избори Левица води скромна кампања со само $ 3 илјади од донации. Кај ДУИ пријавена се само приходи од членарина и тоа во износ од $ 10,000. Донации – нема. За партијата БЕСА донирале 6 луѓе вкупно скоро $ 9 илјади 5800 евра, а од членарина собрале $ 20 илјади. Коалицијата Алијанса за Албанците собрала 1$ 29 илјади од донации.
Овие финансиски извештаи се од денот на отворање на трансакциската сметка (за секои избори партиите отвораат посебни сметки, кои по завршувањето ги затвораат) до крајот на 10-иот ден од изборната кампања.