Австралискиот прајминистер Малколм Трнбул се прогласи себе си за „најсреќниот прајминистер” во историјата на земјата.
– Сигурен сум дека имало и подобри прајминистри, но немало некој толку среќен, како мене, изјави Трнбул во интервју за една радио станица од Мелбурн.
Откако е на функцијата, од пред една година, по сменувањето на неговиот претходник Тони Абот со партиски пуч, рејтинг на Трнбул бележи постојано опаѓање.
На предвремените избори, ова лето, тој успеа да остане на функцијата, обезбедувајќи минимална предност, но неговата Либерална партија загуби 12 пратенички места и уште тројца сенатори.
Прајминистерот, сепак, вели дека се е во најдобар ред и дека работите на Австралија и одат добро.
– Целиот живот ме критикуваат, но јас сум исполнет со радост, затоа што сум определен да бидам подобар, порача „среќниот” австралиски прајминистер.
Политичките аналитичари го обвинуваат за нерешителност околу низа прашања и за неуспех да ја неутрализира тврдата десница во неговата партија.
Подржувачите се надеваат дека тој ќе заземе посмела и поцврста позиција за истополовите бракови, за климатските промени и за центрите за бегалци надвор од австралиската територија.
Лидерот на опозицијата Бил Шортен го критикувше настапот на прајминистерот и фалењето дека е најсреќниот на таа функција, оценувајќи дека Трнбул е „големо разочарување за државата”.
Прајминистерот, меѓутоа, во интервјуто за радиостаницата рече дека сака да управува со земјата и дека ужива во функцијата што ја има.