Најздравата намирница за мозокот и телото: го прочистува организмот од отрови и масти

Го намалува ризикот од дијабетес, им помага на веќе заболените, а луѓето кои страдаат од целијакија можат слободно да ја јадат, бидејќи не содржи глутен. Хељдата е една од најздравите намирници на светот. 

Таа помага при срцеви болести, го намалува нивото на холестерол во крвта и го чисти организмот, особено цревата. Помага при губењето на вишокот килограми, бидејќи е хранлива, па по нејзиното консумирање подолго ќе бидете сити.

Покрај тоа што е богата со калиум, натриум, калциум, фосфор и магнезиум – минерали неопходни за нормално функционирање на телото, хељдата е вистински извор на железо, па е одлична и за луѓето кои страдаат од анемија.

Научниците открија дека таа може да го одржува оптимално нивото на шеќер во крвта, со што се намалува ризикот од појава на дијабетес.

Хељдата не содржи глутен, па без грижа можат да ја консумираат и луѓето кои страдаат од целиjaкија. Се смета за одлична намирница и за мозокот и за подобрување на неговите функции, а помага и при зачувување на меморијата.

Останати вести