Спорад резултатите на последната анкета, Малком Трнбол заостанува 50 бодa, доволна причина да завземе одбрамбена позиција, особено при незгодните новинарски прашања.
Премиерот на Австралија, Малком Трнбол, се бранеше кога се објавија лошите резултати за него од последната анкета, демантирајќи дека во неговото прво интервју во предизборната кампања претерал кога зборувал за „лабуристичката војна против работните места”. Премиерот поголемиот дел од своето 20 минутно интервју со Leigh Scales, водителката на емисијата во 19,30 разговараше за својот углед како добар економски менаџер. Но, разговорот мина во необични води кога Leigh Scales го прашала дали неговата партија би го нападнала Tony Abbott, ако знаеле дека неговиот рејтинг во анкетите на јавното мислење ќе падне за 50 бодови ден пред изборите. Премиерот Трнбол изјавил дека не го интересираат резултатите од анкетата, ниту го интересира мислењето за него.
На прашањето зошто смета дека гласачите, во суштина, биле возбудени да му ја дадат оваа работа и зошто подоцна се разочарале, рече: „Се што можам да кажам е дека моја обврска е на најдобар начин да го осигураме и искористиме тоа што можеме во овие необични времиња”. Потоа додаде: „Ги видов резултатите од анкетата, но со тоа навистина не сакам да се занимавам”. Наместо тоа, се насочува кон вршењето должности кои ги носи премиерското место.
Иако ја наведе Leigh Scales да го праша зошто Австралијанците повеќе не го сакаат, кога таа тоа го направи, тој изјави како нема да дозволи да го вовлече во такви разговори.
„Leigh, нема да дозволам да ме вовлечете во вакво вид интроспекулации. Мојата работа е да се посветам на потребите на австралијскиот народ, на луѓето”, – рече тој.