Министерот Scott Morrison одлучи да ги подели или дополни плановите за намалување на данокот на личен доход или намалување на данокот за копаниите за да се олесни преминот на овие предлози низ процедурата во Сенатот.
Morrison вели дека неговите колеги во Горниот дом вредно работат со „непредвидливите и збунети” независни пратеници во Сенатот за да се обезбеди поддршка за двата пакети на даночни промени.
„Предложуваме цел план затоа што веруваме дека сите Австралијци кои напорно работат заслужуваат даночни олеснувања. Веруваме дека компаниите мораат да имаат конкурентни даночни стапки за да можат да вработуваат луѓе и повеќе да вложуваат” – изјави тој.
На прашањето дали расправата за промените на даночните закони се претворила во политичка игра, Morrison одговори „владата нема да дозволи да биде заплашена”. Заменикот на државниот трезор во сенка Andrew Leigh рече дека пристапот на владата во расправиите за данокот е таков што „ќе ја земе својата палка и топка и ќе си отиде дома”, ако не биде по нивно. „Тоа е навистина детско однесување. Ќе продолжат со тврдењата дека нема да попуштат се додека на крај не успеат. Еднаш кога ќе ги исцрпат сите можности ќе мораат да се вратат на смислениот пат” – рече тој.
Но, министерот за финансии и главниот владин преговарач, сенаторот Mattias Cormano исто така одбива да попушти пред барањата на лабуристите да се подели седум годишиот план на личниот данок. За пакетот на даночните мерки првпат ќе се расправа во Сенатот во понеделник. Лабуристите поддржуваат две даночни промени кои ќе се применуваат од први јули, но се противат на понатамошни промени кои треба да се случат во 2022 односно 2024 година.
„Тоа што го предложивме е долгорочен план, нас не не интересира само краткорочна поделба на пари. Сакаме да го реформираме нашиот систем на данок на доход. Сметаме дека е многу важно сите различни фази да ги вклучиме во исто време” – изјави Cormano.
Претставникот на опозицијата Doug Cameron вели дека предлогот на лабуристите за даночните промени го гледаат со големо внимание и не се подготвени да го поддржат низ парламентарната процедура и тврдат дека би требало да се одвои даночниот план поврзан со личниот доход.
„Со тоа би им овозможиле на оние кои имаат ниски приходи да добијат скромно намалување на данокот. Ова едноставно е глупост.Никогаш во својата кариера не сум видел на ваков начин да се планираат даночните олеснувања, и на големо да им одат во прилог на оние кои имаат високи приходи, а против оние кои заработуваат помалку, даночните олеснувања за услуги во оваа земја.” – вели тој.
Следната недела Сенатот ќе препорача расправа за остатоткот на 10-годишниот план со кој се намалува данокот на компаниите од 30 на 25 отсто. На владата и недостасуваа само два гласа пред Велигден за да помине планот минатиот пат кога сенаторката на партијата One Nation Pauline Hanson ја повлече својата поддршка.