Федералната влада не се откажува од барање поддршка од независните пратеници во Сенатот за намалување на данокот за големите компании.
Министерот за финансии Mathias Cormann продолжува да лобира за намалување на тој данок после обајвувањето на новиот буџет, покрај мерките за одложување на носење на вакви олеснувања во Сенатот во текот на годината. Сенаторот Cormann потврди дека 37 сенатори веќе ја дале својата поддршка за владиниот план за намалување на бизнис стапките за 25 отсто – само два гласа помалку од бројот што е потребен овој предлог да помине во Сенатот.
„Владата ги продолжува разговорите со независните синдикати во Сенатот. Доколку продолжиме со практиката да ги ставаме австралиските компании во непријатна позиција во споредба со другите делови на светот каде се плаќа помалку данок, ќе ја загрозиме сигурноста на работните места за австралиските работници” – вели тој. Владата, минатата година донесе одлука за намалување на данокот за компании со промет помал од $50 милиони, но не успеа да убеди доволен број независни пратеници да дадат поддршка на овие мерки. Сенаторот Cormann рече дека не би било добро да се задржи разликата во даночната стапка меѓу големите и малите фирми.
„На многу начини најголемите компании во Австралија се изложени на конкуренција од другите делови на светот. Малите компании ќе ви кажат дека веруваат оти е многу важно за нив и нивната иднина, намалувањето на даночните стапки да се применува за сите компании.”
Годинава владата иницијално своите надежи во обезбедување на поддршка ги насочи кон новиот независен сенатор Tim Storer. Оваа надеж исчезна кога тој во парламентот праша дали од фискално гледиште е мудро да се воведе намалување на данокот и изрази интерес за поширока даночна реформа. Во минатите две недели вниманието е насочено кон двајца сенатори на партијата Centre Alliance, поранешната партија на Nick Xeophon Team, кои се наклонети кон преговори со владата поврзани со намалување на данокот.