Намалување на финасиите за $1,1 милијарда

Универзитетите се загрижени дека со намалување на финансирањето кое го планира федералната влада, најмногу штета ќе имаат заедниците кои се во најнеповолна положба.

Новата анализа на планирање на реорганизација на високото образование покажува дека универзитетите заедно ќе загубат $1.6 милијарди од основното финансирање во тек на следните четири години во склоп на таканаречената делотворна дивиденда која сака да ја наметне владата. Белинда Робинсон, извршната директорка на организацијата Universities Australia, вели дека ова укажува на значително намалување на финансиите во секторот, а тоа е далеку од бенигното дејство кое владата го прикажува.
„Особено силно ќе го почувствуваат универзитетите кои служат на заедниците кои се во најнеповолна положба” – изјави таа и додаде дека тие универзитети се млади и помали и без големи парични резерви или можности да привлечат големи донации какви што можат да добијат постарите институции. Во Нов Јужен Велс, универзитетот Western Sydney во кој одат голем број студенти со низок социјален статус и кои честопати се први во своето семејство кои студираат, ќе излезе како најголем губитник и ќе се соочи со намалување на финансирањето од $54,1 милиони во текот на следните четири години.
На студентите им се потребни универзитети со подобри ресурси, а не оние кои плаќаат повеќе за помала содржина – велат од IRU. Според нивните проценки, универзитите според предложените владини мерки до 2021 година ќе загубат $43 милиони. Покрај дивидендата на делотворност, владата планира да ги зголеми школарините на студентите до 3600 долари во тек на четири години и да поврзе дел на финансирање на универзитетите со мерките на достигнувања и транспарентност. Сенаторскиот одбор својот извештај за овој пакет мерки ќе го стави на дневен ред во среда, иако предлогот на закони не влегува во расправа за оваа недела.

Останати вести