Намалување на потенцијалниот ризик од пренесување на КОВИД-19 во училиштата

Владите на државите и териториите и службите од невладиниот сектор се одговорни за управување и донесување на оперативни одлуки за нивните училишта. За информации за тоа како училиштата во вашата област реагираат на КОВИД-19, ве молиме најнапред стапете во контакт со вашето училиште и следете ги советите на владата на вашата држава или територија.

Решенијата за тоа како да се реагира на КОВИД-19 во училиштата мора да продолжат да бидат врз основа на стручни, официјални, национални и државни совети за јавно здравје и образование.
Главниот комитет за здравствена заштита на Австралија (Australian Health Protection Principal Committee – AHPPC) објави здравствен совет (health advice) во врска со намалувањето на потенцијалниот ризик од пренесување на КОВИД-19 во училиштата. Ова практично упатство и совет се подготвени за училишните лидери кои работат со деца, родители, учители и помошен персонал за уште повеќе да се намали релативно нискиот ризик од пренесување на коронавирусот (КОВИД-19) во училиштата за време на пандемијата на КОВИД-19.
Накусо, работи што треба да се земат предвид вклучуваат:
• За родителите: ако вашето дете е болно, тоа не смее да оди во училиште. Вие мора да го чувате дома и настрана од други луѓе. Запаметете да држите физичко растојание од други родители и учители кога сте во училиште, вклучувајќи кога ги оставате и земате вашите деца.
• За децата: речете му на вашиот родител, старател или учител ако се чувствувате болни.
• За учителите: не доаѓајте на работа ако сте болни или во категорија на лица со кревко здравје.
• За сите возрасни: најголемиот ризик од пренесување во училишната средина е меѓу возрасните. Од најголема важност е и учителите и родителите да одржуваат физичко растојание меѓу себе и едни од други во училиште.
Учениците се потсетуваат на хигиена:
Рацете мијте ги често со сапун и вода, вклучувајќи пред и по јадење, и по одење во тоалет.
Користете средство за дезинфекција на рацете (sanitiser).
Кога кашлате и кивате, покривајте ги устата и носот со ракав или лакот (не со дланка) или со хартиено шамиче.
Употребените хартиени шамичиња веднаш фрлете ги во кошница за отпад и потоа измијте ги рацете.
Обидете се да не ги допирате устата или лицето.
Не држете никого за рака и не се поздравувајте со раце.
Обидете се растојанието меѓу вас и други да го држите поголемо одошто е нормално.
Одбегнувајте да чекате во редица.
Побарајте помош од други ако се чувствувате вознемирени.
Аранжмани за повисоките класови на
средното образование и за запишување на универзитет
Mинистрите за образование на државите и териториите се согласија дека учениците во повисоките класови на средното образование (ученици во 12-ти клас) ќе можат годинава да го добијат свидетелството Senior Secondary Certificate of Education и дека тоа свидетелство ќе им овозможи запишување на универзитет, натамошно образование и вработување.
НАПЛАН нема да не се одржи во 2020 година. НАПЛАН тестовите беа закажани да се одржат од 12 до 22 мај 2020 година. Одлуката НАПЛАН тестовите да не се одржат во 2020 година е донесена за да им се помогне на училишните раководители, учителите и персоналот за поддршка да се сконцентрираат на добросостојбата на учениците и континуитетот на образованието.
НАПЛАН е национална процена со која се тестираат способностите на учениците во три области на писменост – читање, пишување и јазички правила („спелување”, граматика и интерпункција) – и нумеричка писменост. Училиштата во сите држави и територии одржуваа НАПЛАН тестови во мај секоја година, почнувајќи од 2008.

Останати вести