Двајца скопјани решиле да го ограбат газдата чија кука била веднаш до вулканизерскиот сервис каде работеле а во кражбата им помагал малолетник.
Знаеле дека во гардероберот во спалната соба чува 17,500 евра (околу $ 27,300) па не можеле да му одолеат на искушението.
Кражбата ја испланирале и реализирале пред 10тина дена кога газдата не бил дома.
Ден потоа, кога биле повикани во станица на полицајците, тројцата признале и објасниле како ја извршиле кражбата велат од МВР.
– Во времето меѓу 08,30 и 09,30 додека оштетениот не бил во куќата К.И. и Ј.С. чувале стража а малолетниот, со употреба на сила се прекачил од прозорецот на кујната во куќата и се упатил кон спалната соба каде што кваката била заврзана. Откако ја одврзал влегол во спалната соба ги пронашол парите ставени во кеса и откако ги ставил под маицата повторно ја заврзал кваката и излегол надвор од куќата. Парите – 17.500 евра – ги сокриле до камион ладилник паркиран во дворот и по завршувањето на работното време во 16,00 часот ги земале и се упатиле во домот на второпријавениот
13,800 евра ги сокриле во близина на домот на едниот крадец а останатите си ги поделиле и ги потрошиле по коцкарници кафулиња враќале долгови и чeстеле за наводно добиено бинго.
По разоткривањето на сопственикот на вулканизерот му се вратени најголем дел од парите или 14,680 евра.