Напад во Египет – избодени туристи

Двајца осомничени екстремисти со нож нападнале и раниле тројца странски туристи, двајца Австрици и еден Швеѓанец, во хотел на брегот на Црвеното Море, во Хургада, соопшти египетското министерство за внатрешни работи.

Осомничените милитанти до хотелот стигнале со чамци и ги нападнале туристите во ресторанот на хотелот.
„Ројтерс” известува дека полицијата отворила оган и убила еден од двајцата напаѓачи, кој наводно носел самоубиствен елек.
Додека министерството за внатрешни работи соопшти дека напаѓачите биле вооружени само со ножеви и воздушен пиштол.
Во соопштението се наведува дека едниот од напаѓачите е убиен, а другиот е во притвор. Мотивот за нападот не е познат.
Повредените туристи се пуштени од болница, бидејќи се здобиле само со полесни повреди.
Едниот од напаѓачите е идентификуван како Мухамед Хасан Мухамед Махфуза (21), студент од Гиза.

Останати вести