Дали нападите зачестија?

За само неколку денови се случија два напада на ајкула, кои завршија со тешки последици. Јавноста бара одговори, а експерите велат нападите се релативно ретки

Во близина на градот Перт, шеесетгодишната Дорин Колиер почина од повреди добиени при напад на ајкула. Еден од групата рибари кои дошле да и помогнат на несреќната жена, рекол дека ајкулата била поголема од нивниот брод, долг 5,5 метри. Неидентификуваниот маж, кој нуркал во близина, на полицијата и рекол дека почувствувал оти нешто поминало покрај него, а кога се свртел, ја видел ајкулата. Набрзо пристигнале рибарите кои својот брод го поставиле меѓу ајкулата и нуркачот, и на тој начин му овозможиле да се врати во својот чамец. Сепак, ајкулата ја нападнала жената и и нанела фатални повреди, и таа набрзо починала. Во болница починал минатата седмица и Ben Gering (29), сурфер, кој два дена претходно останал без нога по напад на ајкула кој се случил 115 километри јужно од Миндариј. Gering бил во вода со уште неколку сурфери кога ги нападнала голема бела ајкула и му ја одгризала десната нога, над коленото, а неговата даска биле преполовена.

Нападите релативно ретки
Според податоците на Меѓународната организација за проучување ајкули, смртоносните напади на овие животни се релативно ретки. Минатата година во целиот свет биле пријавени рекордни 98 напади од кои само осум биле смртни, наведуваат од оваа организација. Откога во тој предел се забележани непознати видови на морски кучиња, екипите на Крајбрежната стража на Западна Австралија ги предупредиле граѓаните да бидат максимално внимаателни.

Останати вести