Австралиските известувачи од САД за Канал 7, Тим Мајерс камерман и репортерката Амелија Брејс беа нападнати додека известуваа директно од протестите во Вашингтон. Полицијата, минатата седмица под полна опрема, ги бркаше демонстрантите од улица.
Двајцата австралиски новинари притоа без причина се нападнати и тоа додека пренесуваа во живо во утриснката програма за време на протестот пред Белата куќа во Вашингтон во понеделникот. Инцидентот на снимката прикажа колку лошо се справува САД со протестите и се гледа како полицијата не разликува новинари од демонстрантите и го удира камерманот со штитот, а репортерката потоа е удрена со пендрак.
На протестите беа нападнати и други новинари. Во петокот репортер од CNN Омар Хименез е уапсен во програма во живо, а фотографот Линда Тирадо е погодена со гумен куршум во левото око. Репортерка во Луизијана е погодена со солзавец исто така додека известувала од настаните.