Нарко бос екстрадиран во Сиднеј го чека обвинение за шверц на кокаин

Бизнисмен и нарко бос Дејвид Кембел (49) кој заедно со уште двајца други австралијанци и еден либанец беа уапсен во јануари во белградскиот хотел „Метропол Палас”, при примо-предавање на пари за кој се верува дека потекнуваат од продажба на кокаин.

Дејвид Кембел минатата недела е екстрадиран во Сиднеј.
По соочувањето со срп­ските власти и поминати седум месеци во српски затвор, Кембел, минатиот вторникот е предаден на австралиските власти поради неговата наводна улога во увозот на 1.28 тони кокаин кој бил запленет во април минатата година во Сиднеј. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу половина милијарда долари!
Според податоците на австралиската полиција, Камбел од Белград на Австралија и е екстрадиран со авион, под полициска придружба.
Дејвид Кембел беше уапсен на 15 јануари во „Метропол” заедно со извозник на челик и директор на магацин Рохан Арнолд (43), кој се смета за еден од најуспешните бизнисмени во Австралија, како и со поранешен сопственик на ноќен клуб во Канбера, Тристан Vaters (24).
Тројца беа уапсени при примопредавање на околу 600.000 евра за кои се верува дека поттекнуваат од продажба на кокаин. Со нив е уапсен и еден Либанец, поради фалсификување документи, а запленет е и пиштол. Мажите се уапсени по деветмесечна истрага која е спроведена со австралиските истражните органи, во хотел, сред бел ден, околу пладне, кога било договорено примопредавање на парите.
Акцијата била изведена брзо, така што големиот број гости на „Метропол” не ни забележаке што се случува. Апсењето го виделе само гостите кои беа во просторијата каде сето тоа се случило, како и минувачите кои пред хотелот ги виделе полициските автомобили. Од јавноста се криело кого и зошто се апси во „Метропол”, додека слична акција не се спроведе и во Австралија.
Ова било продолжување на акцијата на австралиските орган од минатата година, кога на 1 април, биле запленети 1.28 тони кокаин кој бил скриен во пратка со кинески челик. Во пристаништето во Сиднеј од Кина пристигнал контејнер во чии шуплини биле пронајдени 1.280 килограми кокаин, спакувани во 2.576 пакети. Запленетите наркотици биле со висок квалитет, а нивната пазарна вредност е проценета на А$500 милиони.
Ова е втор најголема количина на дрога запленета во Австралија. Кембел треба да се појави пред локалниот суд во Парамата, каде ќе се соочи со обвиненија кои вклучуваат кривични дела за увоз на комерцијална количина на контролирана дрога и заговор за поседување комерцијално количество на дрога.

Останати вести