Народен лек за проблеми со стомакот и нервозни црева

Оваа лековита чајна мешавина со мелено ленено семе ќе ги намали проблемите со стомакот и нервозните црева. 

Состојки:

– 100 гр мелено ленено семе
– 100 гр сладунец
– 100 гр ајдучка трева
– 100 гр нане
– 100 гр мајчина душичка

Подготовка: Измешајте ги сите наведени состојки и од вкупната количина земете пет полни супени лажици и прелијте ги со еден литар зовриена вода. Повторно добро измешајте, поколопете и оставете да отстои најмалку половина час и процедете. Оваа лековита чајна мешавина се консумира во умерени мали голтки во текот на целиот ден. Ова е извонреден и проверен народен лек за проблеми со стомакот и нервозни црева.

Останати вести