Нема гајле, вели НАСА

Неочекуван и необично брз астероид со големина на облакодер ќе помине крај Земјата на 31 октомври. 

Голем астероид, наречен 2015 ТБ145, откриле астрономите пред помалку од две недели со помош на телескопот Пан-СТАРС на Хаваите.
„Астероидот има мошне необична орбита со висок наклон”, објасни НАСА. Неговата необична орбита веројатно е и причината зошто тој беше откриен пред само неколку недели.
Бидејќи се очекува астероидот да навлезе во зоната од 7.500.000 километри од Земјата, овој астероид е класификуван како потенцијално опасен објект.
НАСА е убедена дека астероидот ќе пролета покрај нашата планета на далечина од околу 499.000 километри, патувајќи со брзина од над 126.000 км на час, за која агенцијата вели дека е „невообичаено висока”.
Иако, за среќа, ќе ја промаши Земјата, експертите за следење на вселенските остатоци проценуваат дека астероидот ќе пролета најблиску до нашата планета од кој било друг астероид во последнава деценија.
Тие сметаат дека наредната ваква појава ќе се случи дури по 12 години.
„Ова е најблиското пристапување на олку голем познат објект сè до доаѓањето на 1999 АН10 на 1 лунарна дистанца во август 2027 година”, изјави НАСА.
И покрај тоа што се очекува дека астероидот има помеѓу 260 до 280 метри во дијаметар, односно колку еден облакодер, на вселенските вљубеници сепак ќе им треба телескоп за да ја ѕирнат оваа џиновска карпи додека поминува крај Земјата.

 

Останати вести