Наскоро во Викторија ќе мора да се пријавувате со QR-код и за на работа

Вршителот на должноста премиер Џејмс Мерлино изјави дека регистрацијата на работа ќе стане задолжителна, веројатно уште од оваа седмица.

„Претходно, тоа беше задолжително само за потрошувачите кои купуваа продукти или сервиси, но за време на оваа епидемија видовме голем број случаи на заразување и во канцелариите”, рече тој.
„Ќе се консултираме со индустријата во текот на следните неколку дена околу начинот на спроведувањето”.
Викториската влада се соочи со критики во врска со бавното воведување на единствен систем за QR-кодови, слично на програмите што се користат во други држави. Тука станаа задолжителни само за бизниси како што се кафулињата и рестораните на 28 мај – тоа беше и денот кога бизнисите се затворија по четврти пат во Мелбурн. Пријавувањето со QR-кодот во супермаркетите беше направено задолжително минатата недела.

Останати вести