Насуканиот брод во Суецкиот канал го запре транспортот

Дури 386 големи бродови со контејнери, танкери за нафта и бензин како и превозници на жито чекаат да бидат деблокирани откако големиот товарен брод „Ever Given” се заглави во Суецкиот канал, Блокадата предизвика проблеми во глобалната трговија.

Околу 10 проценти од светската трговија минува низ каналот, а тоа е од особено значење за транспорт на нафта.
Затворањето може да влијае и на снабдувањето со нафта и гас во Европа од Блискиот исток.
Гигантскиот товарен брод со контејнери „Ever Given” сè уште е дијагонално заглавен во Суецкиот канал, додека управата на каналот се обидува да го ослободи и повторно да го отвори сообраќајот на клучниот воден пат за глобалното испорака помеѓу Исток и Запад.
Бродот кој плови под знаме на Панама, долг 400 метри и широк околу 60 метри, се насука во вторникот во Суецкиот канал кој ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров, и претставува поморски премин помеѓу Црвеното и Средоземното Море.

Останати вести