Натали Имбрулија на интернет ќе си бара момче

Австралиската поп-пејачка Натали Имбрулија (39) редовно се наоѓа на листите на најубави жени на светот, но сепак има проблем да си пронајде партнер. Таа во едно неодамнешно интервју изјавила дека сака само нормално момче кое ќе може да се носи со нејзината работа.

 

– Доста ми е од самотијата. Не знам во што е проблемот. Можеби мажите се плашат но сакам врска и деца – се пожалила пејачката во едно интервју за радио пред неколку дена.
Пејачката искоментирала дека ќе почне да бара момче на интернет, откако една нејзина пријателка лудо се вљубила во момче кое го запознала на социјалните мрежи.

– Моја пријателка од Лондон лудо се вљуби во момче кое го запозна на интернет, и многу сум и љубоморна. Тој е многу добар и нормален тип. Го запознав лично и мислам дека се добра двојка со мојата пријателка – му изјавила Натали на радио-водителот, кој и потенцирал дека сите луѓе на интернет немаат добри намери..

Имбрулија беше во брак со музичарот Даниел Џонсон со кој се венча во 2003 а се разведоа во 2008 година.

Останати вести