Наумоф ќе биде тренер

Кристофер Наумоф, фудбалерот од Австралија со македонско потекло е приморан да започне тренерска кариера за да остане дел од фудбалот.

Наумоф има само 21 година и беше еден од потенцијалните наредни репрезентативци на Македонија, поради неговото потекло од нашата земја. Но, поради здравствени проблеми, поточно проблеми со срцето, тој пред извесно време беше приморан да и стави крај на својата фудбалска кариера и да го откаже неговиот трансфер во шпанска Нумансија.
Како професионалец Наумоф беше член на екипата на Сиднеј, а исто така тој забележа и настапи за младинската репрезентација на Австралија до 23 години. Вреди да се напомене дека Наумоф беше дел од австралиската селекција која во 2015 година гостуваше во Скопје и во пријателски дуел се соочи со У21 селекцијата на Македонија.
Младиот фудбалер изјави дека е среќен што ќе има можност да биде тренер во редовите на младинските категории на Рокдејл Сити санс и да остане во фудбалот, „кој е негов живот”.

Останати вести