Прајминистерот ги отфрла обвиненијата за лош тертман кон бегалците во Науру

Обвиненијата од Амнести Интернешнал дека австралискиот бегалски логор Науру е „олицетворение на тортура” целосно се погрешни – тоа е ставот на австралискиот прајминистер.

Азилантите на кои им е оневозможен влез во Австралија, дури и ако се потврди дека се бегалци, владата во Канбера, ги праќа на пацифичкиот остров Науру, додека претходно тие се праќаа на островот Манус, кој е дел од Папуа Нова Гвинеја. Внимателно се набљудува центарот за азиланти во Науру, каде се сместени околку 400 мажи, жени и деца, поради обвиненија дека таму се забележани над илјада инциденти и злоставувања, а високо е и нивото на самоповредување. Според извештајот на Амнести Интернешнал, напишан врз основа на сведоштва од над сто луѓе, вклучувајќи азиланти, бегалци и поранешни и сегашни вработени во центарот, – „луѓето се во состојба на апсолутен очај”. Иако мигрантите на тој остров повеќе не се приморани само да седат внатре во центарот, туку можат слободно да се движат низ него, во извештајот стои дека многумина од нив се жртви на напад и силување. Малком Турнбул, категорички ги отфрли обвиненијата и објаснува дека политиката на Австралија спасила голем број животи, враќајќи ги азилантите од опасниот пат преку море.
Исто така секој што сака да си оди добива авионска карта и 20,000 долари за да се врати назад.

Останати вести