Милошоски го објави наводниот план за промена на името заедно со провокативна илустрација

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски, на својот ФБ профил го објави наводниот план којшто тврди дека е договорената компромисна рамка меѓу Димитров и Коѕијас за промена на името и на Уставот.

Според овој план, на потег се премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои наскоро треба да го потпишат овој договор во Преспа и да почне процедурата за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и за промена на Уставот на Република Македонија.
Тој наведува 10 точки кои го прикажуваат однапред договореното сценарио меѓу Македонија, Грција и меѓународната заедница. Милошоски наводниот план го објави на англиски јазик, а за насловна фотографија избра провокативна илустрација. Според тоа што никаде не се употребува името “Македонија” (ами само Скопје), наспроти името на Грција, може да се претпостави дека овој план Милошоски го црпи од грчки извори.

1. Дефинирање на новото име во наредните денови преку канал за комуникација помеѓу Заев и Ципрас
2. Потпишувањето на меѓудржавен договор за промена на името од страна на Ципрас и Заев на состанокот во Преспа (почетокот на јуни).
3. Договорот за промена на името оди до Парламентот во Скопје, кој ќе го одобри со 61 пратеник – со просто мнозинство.
4. Грција ќе испрати писмо до НАТО за да каже “да” за пристапувањето на Скопје под услов (т.е. членство само по уставната промена).
5. Грција ќе испрати писмо и до ЕУ за поддршка на почетокот на преговорите со Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци.
6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да добие датум за почеток на пристапните преговори.
6-а. На 11 и 12 јули Скопје ќе добие официјална покана за НАТО.
7. Референдум ќе се одржи во Скопје во октомври. Заев сака исход што ќе покаже дека мнозинството од неговите граѓани го прифаќаат рамковниот договор за промена на името.
8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.
9. Договорот за промена на името на Скопје ќе дојде во грчкиот парламент за гласање, а потоа и во други земји ќе започне процесот на ратификација за членство во НАТО.
10. Земјите на ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име на Скопје.

Останати вести