Навратилова бара жестока казна за „детиштето“ Ник Кирјос

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова изјави дека австралискиот тенисер Ник Кирјос треба да биде остро казнет поради навредите кои ги упати кон швајцарскиот тенисер Стан Вавринка. 

20 годишниот Кирјос е на удар од јавноста, откако на својот колега Стан Вавринка му упати навредливи и доста непотребни зборови поврзани со неговата девојка. Австралиецот е казнет со 10.000 евра, иако тој подоцна се извини за неговите постапки.
„Мора да постојат поостри казни од паричните казни. На тениските простори нема место за такво однесување кон противникот. Од АТП барам да ја утврдат најскапата парична казна за такви престапи и барам ова да не остане на тоа што се случи, Ник Кирјос мора да биде жестоко казнет”, изјави Навратилова.
Кирјос по казната се извини на целокупната јавноста иако претходно тој беше искритикуван буквално од сите тенисери кои се дел од големите АТП турнири.

Останати вести