Со десет фудбалери Централ Кост Маринерс успеа да извлече поделба на бодовите со Њукастел Џетс во возбудливата средба на стадионот Хантер, во меч од А-лигата на Австралија.
До 24. минута гостите доминираа на теренот кога Џек МекГинг доби црвен картон после опасниот старт над Леонардо.
Њукастел својата бројчана надмоќност на теренот не успеа да ја искористи и с# до 83. минута не можеше да постигне гол, кога српскиот стрелец Милош ТрифуновиЌ најдобро се снајде после изведениот корнер и со глава ја смести топката во мрежата за 1-0.
Маринерс во последните минути од играта успеа да изненади кога во 93. минута Мат Сим после изведениот слободен удар го изедначи резултатот на 1-1.