„Не ги признавам изборите на СС-бригадите и хунтата на Заев”!

„Заради изборни нерегуларности, силување на демократијата и на државата, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава локалните избори”, соопшти на прес-конференција лидерот на партијата, Никола Груевски само еден час по затворањето на гласачките места од вториот круг на локалните избори.

Тој набројуваше повеќе примери за изборни нергуларности, закани и други видови притисоци кои имале за цел деморализирање, заплашување и уништување на опозицијата, на нејзините кандидати и членството, а за тоа ги обвини, како што рече „СС-бригадите и хунтата на Заев». Обвини дека имало и гласање по системот на т.н. “бугарски воз”.
Освен што не ги признава изборите, Груевски испорача седум барања до власта: да се организираат предвремени парламентарни избори, кои според пржинскиот модел ќе бидат спроведени од техничка влада како за парламентарните избори од 11 декември 2016; да биде разрешен директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; оставка од претседателот на ДИК и враќање на старотo решение, според кое претседателот на оваа Комисија се избира на предлог на опозицијата; да се направи вештачење на опремата во Управата за безбедност и контрарзузнавање поради сомнеж дека најмалку 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ биле прислушкувани; итно завршување на судењето на Заев за случајот „Поткуп»; да се формира Специјално јавно обвинителство кое ќе ги истражува изборните нерегуларности на изборите во декември 2016, и на локалните во 2017 година; бидејќи биле ослободени други докажани криминалци во фунција на изборите, итно да се ослободат и да се прекинат на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од 27-ми април.
На крајот од изјавата Груевски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратела на власт и тогаш ќе се одмаздела:
“ВМРО е константа која што трае 124 години и во добро и во лошо. Демократијата ќе се врати, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Ќе победи Република Македонија. Тогаш овие прекршители на законите, сите оние кои што им се закануваа и ги заплашуваа граѓаните дека ќе ги тепаат во нивните дворови и во нивните домови ќе одговараат согласно законите”, рече Груевску.

Останати вести