ЃОКОВИЌ: Не сакам да се споредувам со Федерер и Надал

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на светот, ас кој се уште ја пишува својата приказна исто како и Рожер Федерер и Рафаел Надал, но често има споредби меѓу Србинот, Швајцарецот и Шпанецот.

Токму овие споредби не му се допаѓаа на првиот светски рекет кој смета нема причина за тоа, односно главниот фокус е на себе и на тоа што сака да го постигне.
– Јас можам да се споредувам со она што бев пред 15 години. Ние често се губиме во овие споредби. Мислам дека престанав да се споредувам со другите пред пет години. Не сакам да се споредувам со Федерер и Надал или со мене од пред 15 години, нема смисла тоа да се прави.
– Ја пишувам мојата автентична животна приказна затоа што јас сум тој што се познава себеси одвнатре 100 проценти. Знам што сакам да постигнам, што сакам да работам во животот, кој сакам да бидам. Се обидувам да живеам според тие стандарди и да прифатам сè што животот ќе ми понуди затоа што верувам во тоа. Верувам дека животот и Бог и универзумот имаат нешто предодредено за нас, заклучи Ѓоковиќ.

Останати вести