Силните ветришта кои дуваат на југоистокот на Австралија во градот Милдура кренаа неверојатни облаци со прашина, поради што небото доби портокалова боја, а целиот дел од земјата наликува на сцени од некој апокалиптичен филм.
Жителите на Милдура се соочија со сериозни проблеми поради ветерот кој дуваше со силина од 40 километри на час, а температурите достигна до 40 целзиусови степени. Згора на сè, видливоста беше значително намалена бидејќи небото ја прими портокаловата боја.
– Ветерот е остар, а небото портокалово. Ужасно е. Големите облаци од прашина се толку чести што оваа појава стана нормална кај нас – сведочи еден жител на овој град.
Иако жителите се навикнати ваквите временски непогоди да се појавуваат околу двапати годишно, сега со тој проблем мораат да се борат и по неколку пати неделно.
Огнената стихија создаде проблеми и при снабдувањето со електрична енергија, па така во Викторија домовите на многу луѓе останаа без струја. Првпат во последните десет години властите огласија црвен аларм, што значи дека условите се најлоши, пожарот брзо се шири и не може да се контролира.