Неделата на грижителите одбележана и во македонската заедница

Македонскo австралиската добротворна организација за Сиднеј (MAWA) и оваа година се вклучи во одбележувањето и прославата на Неделатата на грижителите во Нов Јужен Велс, од 12ти до 18ти октомври.

Главна тема на Неделата на грижителите за ова година беше: ” Take a break for carers” (Oдмор за грижителите “).

Околу 2.7 милиони грижители бесплатно се грижат за членовите на своите семејства или пријатели и секојдневно емотивно ги подржуваат. Грижителската работа никогаш не престанува. Меѓутоа грижителите имаат потреба од одмор и соодветна подршка – неопходни за подобро вршење на грижителската улога, како и грижа за сопственото здравје.

Неделата на грижителите е погодна можност организациите и заедниците да ја прослават и посебно да ја истакнат значајноста на грижителската улогата и придонесот што грижителите го даваат секојдневно. Во исто време тоа е и одличен начин на грижителите да им се обезбеди кратка, но многу потребна пауза, забава и релаксација. Тоа е и посебна прилика барем за кратко време да се ослободат од секојдневните грижи и обврски што со себе ги носи грижителската улога.

По тој повод и оваа година беа организирани разновидни активности во сите делови од Нов Јужен Велс. За македонските грижители, членови на двете групи на грижители во Rockdale и Bankstown и новоформираната социјална група во Yagoona се организираше едноденевенa екскурзија до Canberra. На тој ден беа реализирани посебни и несекојдневни активности: посета на флоријадата ( специјална изложба на цвеќиња), панорамското разгледување на градот со водич, заеднички ручек и мала попладневната закуска со кафе и чај.

Целодневното дружење, неформални дискусии, шеги, смеаа, споделување на впечатоците од преубавата и едиствената излозба на цвеќиња и панорамската прошетка низ градот, за сите учесници значеше многу, а посебно за грижителите. Овој ден, како што велат тие, не само што ќе остане долго време во нивното сеќавање, туку тоа за нив е извор на нова енергија и голем поттик за подобра понатамошната грижа и превземање на нови активности за зачувување на сопственото здравје.

Малку изморени, но и освежени и исполнети со пријатни впечатоци, грижителите ја завршија еднодневната екскурзија, со желба и надеж што поскоро повторно да се сретнат на некое друго место. Што се однесува до прикриените (нерегистрираните) грижители им порачуваат што побргу да им се придружат и да се вклучат во Програмата за поддршка на македонските грижители. Тоа е право место каде ќе можат не само да ги споделуваат своите искуства во врска со грижителската улога, туку и да се дружаат и забавуваат.

Доколку некои грижители, од било кои причини не се во состојба да присуствуваат во групите, може да го користат индивидуалниот начин на работа со вработените на овој проект, нормално со претходна најава.

За повеќе информации заинтересираните можат да се јават во Mакедонско Австралиската Добротворна Организација (МAWA), кај вработените на Проектот за поддршка на грижителите, на телефон 9597 5455.

Зорица Николова и Роза Георгиева

Macedonian carers project officers

Останати вести