Десет знаци за недостиг од железо

Oколу 10 отсто од жените страдаат од недостиг од железо во организмот, а најмногу се погодени жените што се физички мошне активни или живеат забрзан живот. Ова се десетте најчести симптоми дека на вашиот организам му е потребно железо.

Замор
Телото го користи железото за производство на хемоглобинот што се наоѓа во црвените крвни клетки, а го пренесува кислородот. Недостигот од кислород во крвта доведува до чувство на константен замор.
Лоша концентрација
Ако често сте лошо сконцентрирани, можно е да ви недостига железо.
Апатија
Апатија кон се: кон семејството, пријателите, работата или омилените активности исто така може да бидат предизвикани поради недостиг од железо. Ако расположението ви се менува често, проверете го железото.
Задишаност
Ако додека пешачите, тренирате или вршите работи по дома брзо и нагло останувате без воздух, причината за тоа можеби е недостигот од овој важен минерал. Имено, на вашето тело му е потребен кислород, а не го добива во доволни количества.
Бледило
Бледата и проѕирна кожа може да биде симптом за недостиг од железо, што секако не е добар знак. Бледилото на кожата е предизвикано со слаба циркулација на крвта и со намалување на бројот на црвени крвни клетки.
Намалување на физичката издржливост и кондицијата
Ако редовно вежбате, сигурно ќе забележите ако вашите вообичаени вежби ви стануваат пренапорни. Недостигот од железо ја намалува физичката способност и издржливост на организмот.
Болки во мускулите
Ако по тренингот или по подолго пешачење секогаш чувствувате силни болки во мускулите, а не сте правеле ништо невообичаено, тоа би можело да биде знак дека телото ве предупредува дека му недостига железо. Таквата состојба го забавува заздравувањето на мускулите.
Кршливи нокти
Ако вашите нокти не се цврсти како порано и ако сте забележале дека се меки и вдлабнати, постои можност да ви недостига железо.
Чести болести
Ако цела зима сте ја поминале со настинки и воспаленија, а посебно ако страдате од болести на дишните патишта, причината за тоа може да биде ниското ниво на железо во организмот.
Бојата на урината
Ако сте забележале дека вашата урина ја променила бојата, време е да одите на лекар. Поради недостигот од железо таа би можела да има розова, па дури и црвена боја.

Останати вести