Сите нелегални мигранти ќе бидат вратени назад

Австралискиот министер за имиграција, Питер Датон им порача на шверцерите на луѓе дека строгите заштитни мерки на Австралија остануваат на сила. Австралиската влада е посветена на тоа да ги заштитува границите на својата земја и да ги спречува луѓето да си ги ризикуваат животите на отворено море.

Тој меѓудругото истакнал и дека сите оние коишто нелегално превезуваат луѓе и кои се обидуваат нелегално да допатуваат до Австралија ќе бидат вратени назад.
Животот во Австралија никогаш нема да биде опција за оние кои се обидуваат нелегално да допатуваат со брод и тука нема никакви исклучоци, истакна министерот.

Останати вести