Нема да се урива споменикот на Александар Велики, референдум за името ќе има

Премиерот Заев во интервју за Телевизија 24 изјави дека споменикот на Александар Велики во Скопје нема да се урива.

„Сè што имаме ни е македонштината. Но, на граѓаните им требаат повеќе пари, подобар живот и затоа се надеваме дека ќе имаме достоинствено решение за името со Грција.”
Заев најави дека во мај ќе има средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
„Верувам дека месец мај е убав месец за убаво, достоинствено решение. На средбата со грчкиот колега ќе треба да го решиме последното нерешено прашање. Дотогаш бајаги треба да се испотиме за да кажеме дека дојдовме до договор. На крајот, ако сме пред конечен договор кога ќе седнеме јас и премиерот на Грција, тоа ќе биде завршницата на преговорите, тоа ние ќе го решиме. И да не успееме, преговарачкиот процес останува отворен. Паралелно со преговорите со името ние одиме со реформите, независно од текот на преговорите – реформите во судство се неопходни, како и владеење на правото, реформи во здравството, во образованието, економијата… И да не го решиме проблемот за името, ние треба Европа да ја донесеме во Македонија. Ние веруваме во европските вредности”, рече Заев.

Грчката страна има разбирање за нашиот идентитет (!?)
Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Телевизија 24 рече дека Грција има разбирање за нашиот идентитет.
– Поканата за НАТО ни е по автоматизам, ако има решение за спорот за името не ни треба ниту Самит. Јас сум првиот македонски премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и мислам дека тоа помогна во преговарачкиот процес. Грчката страна има разбирање за идентитетот и верувам дека ќе успееме, изјави премиерот

Останати вести