Нема докази дека коронавирусот е вештачки произведен

ЦИА не утврдила докази дека вирусот e вештачки произведен. Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека видел докази за такво нешто, но дека не е тој што треба да ги каже.

Трамп изјави дека видел докази дека коронавирусот потекнува од Институтот за вирологија во кинескиот град Вухан.
Тој повторно ја обвини Кина и Светската Здравствена Организација дека се виновни за ширењето на вирусот.
ЦИА објави соопштение во кое тврди дека новиот тип коронавирус не бил создаден во лабораторија и не е генетски модифициран.
Вашингтон ја обвинува Кина дека прикривала значајни информации за вирусот и продонела за ширењето на пандемијата.
САД води по бројот на инфицирани.

Останати вести