Еве ова се вика позитивен економски рекорд! Од јуни 1991 година економијата на Австралија не паднала во рецесија (две последователни квартали на пад) – за разлика од поголемиот дел од светот, кои претрпеа голем број падови во овој период, пишува магазинот Fortune.
Последните податоци за австралиската економија укажуваат раст во третиот квартал на 2015-та од 0,9%, што го дополнува годишниот раст до 2,5%.
Главната причина за овој позитивен резултат е извозот, кој е зголемен за 4.6%. Во исто време, увозот е намален.
Податоците ги успокоија пазарите од срамот за евентуални економски проблеми поради падот на кинеската економија – еден од главните трговски партнери на Австралија.