ЛАВРОВ ТВРДИ: Нема веќе проширување на НАТО

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на министерскиот состанок на ОБСЕ во Хамбург предупреди дека на многу места во регионот на ОБСЕ растат авторитарните размислувања, се уназадуваат човековите права, се ограничуваат независните медиуми и се множат актите на нетрпеливост и омраза. „Сите ние треба да бидеме свесни за опасноста од авторитарниот популизам”, рече Кери повикувајќи ги ОБСЕ да реагираат секогаш кога ќе им се оспорат правата на луѓето на слободен печат, на верски слободи, на политичка отвореност, на транспарентност во владеењето и на развој на граѓанско општество.

На состанокот во Хамбург присуствуваа околу 40 министри за надворешни работи и 80 делегации, вклучувајќи ги и тие од САД, Канада и Русија. Меѓу министрите беше и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кој изјави дека постои обид Црна Гора да се внесе на мала врата во НАТО, додека претседателот Барак Обама е се уште во Белата куќа. Изјавата на Лавров е рефлексија на очекувањата што се создадоа со победата на Доналд Трамп дека е можно да запре процесот на проширување на алијансата, а Црна Гора да биде прва жртва бидејќи одлуката за нејзин прием не е се уште ратификувана во САД. Самиот Лавров изјави дека НАТО нема да прима веќе членови, обвинувајќи дека приемот на Црна Гора се прави без консултација со нејзините граѓани.
„Постојат френетични обиди Црна Гора да се провлече во НАТО, а никој не го прашува народот на таа земја што сака и не би било штета за тоа прашање да постојат консултации”, наведе Лавров. Според него, НАТО ја унапредува инфраструктурата кон границата на Русија и првпат по многу години, САД распоредуваат тежок арсенал во балтичките држави.

Останати вести