Изминативе неколку седмици упаничена грчката заедница цвилеше и се жалеше барајќи потврда дека ќе се продолжи со дискриминацијата во именувањето на Република Македонија од страна на Владата на Австралија.
Причина беше говорот што го одржа Креиг Кели, федералниот парламентарец од владејачката Либерална партија кој дојде на собирот во Сиднеј на 23 април за да изрази поддршка за признавање на името Република Македонија, бидејќи тоа е право на секоја држава сама да си го одредува името. И побара владата на Австралија да ја подржи Македонија, а тој нагласи дека веќе одамна е задоцнето признавањето на Република Македонија со уставното име.
Веднаш со оркестриран протест се јавија министерот од Јужна Австралија Том Куцантонис, од Националниот хеленски совет Питер Јасонидес и уште неколку пратеници кои бараа потврда на статус кво од прајминистерот Малком Турнбул, министерката за надворешни Џули Бишоп…
Дознаваме дека ги удостоиле со потврден одговор дека и понатаму австралиската Влада ќе се придржува на практиката на Обединетите нации. Ова практично укажува дека Македонија мора под итно во ОН да им соопшти дека повеќе нема што да се преговара и од сега името на државата треба да биде за сите Република Македонија.
И според пресудата на Судот за правда на ОН со седиште во Хаг од 2011, Република Македонија има право да го користи своето уставно име секаде. Судот едновремено пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба со тоа што го и бликираше приемот во НАТО.
Република Македонија под уставното име, инаку, за билатерални односи е признаена од околу 140 држави во светот (вклучувајќи ги и најголемите).
А македонскиот јазик, како таков (на англ. Macedonian), е запишан во регистерот на светски јазици во Обединетите нации. Тоа важи за сите членки на ОН, па и за Грција.
