Ненадејна посета на двете општини во Перт

Минатиов петок во ненадејна посета на двете македонски цркви во Перт беа забележани лабуристичкиот федерален пратеник кој завршува со својот мандат за таа изборна единица, Алана Мек Тиернан, потоа кандидатот што ќе ја замени Тим Хамонд, заедно со почесниот конзул Зоран Ќосески, кандидатот д-р Ен Али и градоначалникот на општина Винсент, Џон Кари.

Тие прво ја посетија МПЦ “Св. Никола” на Macedonia Place. Потоа сите заедно беа и во другата наша црковна општина, која е со исто име на оддалеченост од помалку од еден километар. Таму се сретнаа со активистот Сашо Јованоски и свештеникот на МПЦ “Св Никола” на Angove Street, отец Васко Трајчески, пред новата градба на црквата.
За времињата на состаноците до крајот на календарската годинапогледнете го распоредот на групата.
Место: Whitlam Library Cabramatta, Railway Parade, Cabramatta, од 10 наутро до 12 напладне.
За повеќе информации во врска со активностите на оваа нова група за поддршка на македонските грижители јавeте се во Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј, на 9597 5455.

Лихнида Бахчанџиева – Тасеска
Project Coordinator

Останати вести