НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ

Национална премиер лига 3 на НЈВ, 2 коло
Интер Лајонс – Сиднеј Македонија 3 :2 (2:1)
Иако, Сиднеј Македонија поведе со голот на Томиќ, сепак бодовите останаа кај домашните.

Фудбалерите на Сиднеј Македонија негодуваа на судиската одлука за досудениот пенал меѓутоа судијата остана при својата одлука, а Парас успешно го изведе ударот од 11 метри и го израмни резултатот на 1:1.
Истиот фудбалер на една минута пред крајот на полувремето го постигна својот втор гол за водство на домашните од 2:1.
Тренерот на Сиднеј Македонија, Тировски, на полувремето го замени Бакрданикоски, а во текот на второто полувреме уште еден одбранбен играч (Дубочанин) меѓутоа таа тактичка варијанта не се покажа успешна, а како резултат на тоа домашните преку капитенот Триподи (од пенал) го зголемија водството на 3:1.
До крајот на натпреварот фудбалерите на Сиднеј Македонија не направија ништо повеќе освен да го намалат резултатот со голот на капитенот Тодороски.
Следното коло в недела, на 2 август, Сиднеј Македонија ќе игра со Дулвич Хил на Џенсен Парк во Сефтон, со почеток во 19 часот.

К.М.

Останати вести