Успешно изведена „Неочекувана забава“

Ова е името на претставата со која што Македонскиот Австралиски театар од Сиднеј, амбасадор на македонската култура и уметност овде во Австралија, уште еднаш се покажа со една изведба на професионални глумци, но овојпат беа вклучени и помладите односно тинејџери како и едно седумгодишно дете.

Текстот и режијата се на Стефо Нанцу, еден од наjискусните и меѓународно признат театарски творец. Премиерата беше прикажана во петокот на 28-ми мај во горната сала на црквата Св. Петка во Рокдаел.
Имаше доста присутни кои што внимателно ја следеа и уживаа во претставата која беше изведена на aнглиски и македонски јази. Во публиката имаше и гости од други нации.
Честитки до авторот и режисер Стефо Нанцу и до сите што помогнаа за успешната изведба.
Ќе има и други претстави во Сиднеј и Волонгонг, а за информации можете да се јавите кај Душан Ристевски на Dushan@macedon.co

Славица Марчевска

Останати вести