Нерешеното киднапирање на деца, по кое државата никогаш повеќе не е иста

Поминати се повеќе од 50 години кога последен пат се видени Ана, Џејн и Грант Бомон како од плажа се враќаат дома, и оттогаш мистеријата за нивното исчезнување не е решена.

Покрај сите траги, полициски напори, децата не се најдени, а австралиските медиуми убедени се дека тој јануариски ден во 1966 година, Австралија ја загуби невиноста и довербата во странците. Од тој ден секој непознат се гледа како потенцијален киднапер. „Исчезнувањето разбуди стравови и грижа за сигурноста на децата” – рекла Бет Спенсер за Ози. Околку 10 часот наутро на 26 јануари во 1966 година трите деца излегле од својот дом во предградието на Аделаид и тргнале кон локалната плажа. Родителите Џим и Ненси мислеле дека деветгодишната Џеј е доволно одговорна да се грижи за помалите сестра и брат. Тие никогаш не се вратија дома. Децата и претходниот ден биле на плажа, а некои сведоци велат дека ги виделе како разговараат со висок русокос маж. Полицијата верува штом пријателски разговарале со мажот, сигурно го познавале. Случајот набрзо излезе надвор од границите на Австралија. Холандскиот парапсихолог Жерар Кроасет тврдел дека може да помогне во потрагата. Полицијата на почеток ја одбивала неговата помош, но потклекнала под јавниот притисок и на крај ги пребарувале канализационите цевки каде според него се наоѓаат телата на загинатите деца. Потрагата не дала никакви резултати, а Кроасет посрамотен си заминал дома. Непознати луѓе им праќале писма на Бомонови во кои пишувале за нивните деца. Содржината на едно од тие писма го пренел Ален Витикер во книгата „Потрага за децата Бомонови”.
„Вашите деца се живи. За нив се грижи постара госпоѓа која многу лошо зборува англиски”, пишувало во анонимната дојава. Ниту едно од тие писма не донело никакви конкретни траги или информации. Поради притисок на јавноста и тагата од изчезнувањето на децата, Џим и Ненси се развеле. Експерите се убедени дека децата одамна се мртви, а родителите и понатаму се надеваат оди еден ден Џејн, Ана и Грант ќе тропнат на нивната врата. Поради тоа никогаш не се отселиле од Гленелг, од каде децата исчезнаа. Австралиската полиција никогаш не престана да ги бара, а неколку сериски убици беа осумничени за нивното киднапирање. Серискиот убиец на деца, Џејмс Рајан, кој е во затвор во 1975 година и Беван Спенсер Ајнем кој е затворен од 1983 година беа осумничени. Но, полицијата ниту еден од двајцата не ги истражувала подетално за нивна поврзаност со киднапирањето и убиството на децата Бомон. Спенсер вели дека исчезнувањето на трите деца донело големи промени во Австралија. Родителите децата ги возат во училите, не им дозволуваат да излезат од дома без надзор. Овој и слични случаи ја зголемиле недовербата и нервозата на родителите кон странците. Некои други експерти, се загрижени дека австралискиот фокус кон странците го намалил вниманието кое треба да биде посветено на проблемите во семејствата. Покрај тоа што поминале децении, полицијата во Аделаид вели дека речиси на секој четири дена добива повик со некакви информации за трите исчезнати деца. Секако, секогаш брзо се испоставува дека повиците се лажна тревога.

Останати вести