Руската православна црква ja признава независноста на Украинската црква

Руската православна црква за првпат официјално ја призна независноста на Украинската православна црква, јавија руски медиуми.

„Учесниците на Соборот едногласно го поддржаа барањето на митрополитот на Киев и на цела Украина Онуфриј во Уставот на Mосковскaта патријаршија да се даде посебна глава за Украинската православна црква”, јавија руските медиуми.
Ова значи дека во Уставот на Московската патријаршија сега пишува дека центарот за управување на Украинската православна црква се наоѓа во Киев. Сецрковниот суд ја опфаќа целата територија на Московската патријаршија, со исклучок на Украина, пишуваат руските медиуми.
Истовремено руските и српските медиуми јавуваат дека во Москва рускиот патријарх Кирил ќе се сретне со бугарскиот патријарх Неофит и со српскиот патријарх Иринеј, во рамки на Серускиот православен собор.
Со бугарскиот патри­јарх ќе патуваат и дел од владиците што се во составот на комисијата што Бугарската православна црква ја оформи за да разговара со другите помесни православни цркви за статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Останати вести