Mинатава сабота добивме соопштение од Сашо Наумовски, претседателот на Унијата на младите сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ за Австралија, дека на 5ти септември 2015 се организираше, во манастирското место Св. Прохор Пчински во Донибрук прослава за денот на независноста на Република Македонија.
Според него за прв пат во историјата за овој празник се веело само македонското сонце од Кутлеш. Наумовски притоа јавно изјави дека тоа е единственото знаме што македонскиот народ го прифаќа како државно знаме, и ја потенцираше големата поддршка од ветераните на ВМРО ДПМНЕ, а исто така поддршка дала и партијата ДОМ од Австралија за ова одбележување.
Иако се набројани три организации, на сликите не гледаме голем број на луѓе, а она што е најочебијно е дека во УМС, покрај претседателот изгледа никој не е под 60 години возраст.
Дали со ова се најавува раскол во ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи во вторник дипломатските претставници од истата партија (конзулката Бети Коруновска во Мелбурн, амбасадорот Веле Трпевски во Сиднеј) ќе го креваат официјалното државно знаме – на плоштадот на Федерацијата и во општината Рокдаел.
