Помагајте, треба да го зачуваме македонскиот јазик во НЈВ!

Матуранти 2015 Од Центарот Bankstown: Деспина Велеска, Нина Трифуновска,Илчо Марковски и Кристина Тасевска. Од Центарот Kogarah: Адриан Новак, Ана Марија Бојчечевска, Ангела Макреска, Ангела Исајловска, Ангела Климоска, Антонио Ѓорѓијовски, Антонио Нешковски, Бил Ефтимоски, Кипријан Ѓоргиевски, Стефани Ангеловска и Татјана Врглеска. Од Центарот Smith Hill: Христи Димовски, Даниела Павловска и Александар Алексовски. Од Центарот Smith Hill: Мајкал Трпчески и Кристијан Крцоски.

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, на 13-ти ноември 2015 година во прекрасниот амбиент на Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа првата добротворна забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик.

Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 17 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште.
Покрај студентите и родителите на забавата присуствуваа и: амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Веле Трпевски, конзулот во амбасадата на Република Македонија во Канбера, Драган Богдановски, потпретседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Тиру Тирунантакамур, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Љубица Талеска и учителката Гордана Јанинска од Мелбурн, директорката на Државните саботни училишта за јазици Ненси Морвило,координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Анѓела Лирис, како и претседателката на МПУО за НЈВ- Жаклина Михајлова.
Во своето обраќање до присутните, амбасадорот Трпевски истакна дека „е од примарно значење да се зачува македонскиот јазик, традицијата и културата, овде во Австралија. Затоа е многу важно да се изучува македонскиот јазик и да се овозможи модерна и интересна настава за учениците. Но, подеднакво е важно да се посети Македонија, за да се почувствува духот на корените…”
Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата на Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, – авионска карта за Македонија. Среќата му се насмевна на Антонио Нешковски, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Меѓу нашиве годинашни матуранти има идни доктори, професори, пилоти, инженери… Некои од нив се веќе успешни во полето на својот интерес: Адријан Новак е иден доктор, кој тестот за медицина веќе го положи успешно и е во првите 10 проценти на кандидати, Деспина Велеска е австралиски првак во карате, учесник на светско првенство во карате, истакна Михајлова. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги покажаа Дипломите, изразија искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија.
Во забавниот дел на вечерта настапија членовите на елитната фолклорна група на МКУД „Илинден” од Сиднеј. Тие со својот беспрекорен настап и со уметничката кореографија на традиционални ора и песни ја водушевија публиката.
Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.
Вечерта свиреа и членовите на “Група без име”.

Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на:
PAYMENT METHODS
DIRECT DEPOSIT
Account Details: Macedonian School Council
BSB: 032-057 Bank: Westpac Account Number: 601 946 Branch: Rockdale
Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description.
CHEQUE
Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216

Останати вести